Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

Хамилтон ја продолжи серијата и во Германија

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на Големата награда на Германија, 12-тата трка на овогодишниот шампионат во Формула 1.

Актуелниот шампион на патеката „Хокенхајм“ ја запиша шестата победа на последните седум трки, а воедно 49-ата во кариерата.
Второто место го зазема Даниел Рикиардо во болидот на Ред Бул, а трет беше неговиот клупски колега Макс Ферстапен.
Вториот возач на Мерцедес Нико Розберг кој стартуваше од пол позицијата трката ја заврши како четвртопласиран.
Последната трка пред летната пауза практично беше решена во првиот свиок кога Хамилтон по фантастичниот старт го престигна Розберг и од тогаш ја поведе колоната. Британецот водеше од стартот до целта и неговиот триумф ниту еднаш не беше доведен во прашање.
Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Белгија на 28 август.

Генерален пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон 217
2. Нико Розберг 198
3 Даниел Рикиардо 133
4 Кими Раиконен 122
5. Себастијан Фетел 120
6. Макс Ферстапен 115

Генерален пласман на конструктори:
1. Мерцедес 415
2. Ред Бул ринг 256
3. Ферари 242
4. Вилијамс 96
5. Форс Индија 81
6. Торо Росо 45

 

Најнови вести