Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2012

Розберг стигна до првата победа

Нико Розберг постигна емпатична прва победа на трката за ГН Кина.

Возачот на Мерцедес заврши повеќе од 20 секунди пред Џенсон Батон. Двајцата имаа различна стратегија во текот на трката, но долгото задржување во боксот на Батон ја помести трката во корист за Розберг. Зад него возачите на Мекларен излегоа како победници во жестоката борба за останатите две места на подиумот.
 Трагичарот oвој Ф1 викенд беше Михаел Шумахер кој влезе во боксот за време на 13. круг, но додека излегуваше механичарот кој беше задолжен за промена на неговото предно-десно тркало бесно сигнализираше болидот да биде задржан. Тркалото не било добро поставено и Шумахер ја заврши трката кусо по излегувањето од боксот, воедно тој беше единствениот кој заврши без пласман.

Најнови вести