Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2015

Триумф на Розберг на затворањето на сезоната во Абу Даби

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, триумфираше на последната трка оваа сезона во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби.

Ова за Германецот е шеста победа во Шампионатот, а трета по ред.
Веднаш зад него беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон, со кого пак 12-ти пат оваа година Мерцедес ја понесува двојната победа во Гран При.
„Одушевен сум како заврши оваа сезона, а следната може уште утре да започне“, изјави презадоволниот Розберг.
„Среќен сум што се сè заврши, сега можеме да уживаме. Покажавме дека Мерцедес е најдобриот тим на светот“, беа зборовите на Луис Хамилтон.
Третото место го зазема Кими Раиконен, Финецот беше трет на подиумот оваа сезона, а покрај тоа тој веќе пет пати ја освојува четвртата позиција. Раиконен во генералниот пласман го престаса сонародникот Ботас, и заврши како четврти.
„Ова не беше баш идеална сезона. Така стојат работите... Но овој викенд сè помина во најдобар ред“, изјави Раиконен.
Четврти на целта во Абу Даби стигна Себастијан Фетел, пред Серхио Перез и Даниел Рикардо.
Во првите десет на затворањето на сезоната се најдоа и Хуленберг, Маса, Грожан и Квјат.
Титулата уште порано ја освои Луис Хамилтон, доминацијата на Мерцедес ја потврди Розберг, со втората позиција додека трет е Себастијан Фетел.
Овие тројца се воедно и единствени возачи кои ги земаа победите на трките оваа сезона – Хамилтон 10, Розберг 6, а Фетел три пати.
Следната сезона почнува на 20-ти март 2016 со трката во Австралија.

Најнови вести