Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2014

Хамилтон перфектен во Бахреин

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, триумфираше на Големата награда на Бахреин, на третата трка на овогодишниот шампионат на Формула 1.

Хамилтон до втората победа по ред, а 24-та во кариерата, дојде на патеката „Сахир“ во време од 1:36:42.743 часа.  
На второто место, со секунда заостанување, се пласира тимскиот колега на Хамилтон, Нико Розберг, додека на третото скалило на победничкиот престол се искачи возачот на Форс Индија, Серхио Перез.
Третата трка во новата сезона на Формула 1 ја обележа одличната борба за победа на Хамилтон и Розберг. Британецот беше тој кој водеше речиси цело време, но неговиот тимски колега во неколку наврати успеа да го намачи. Иако пред последната третина од трката шампионот од 2008 година имаше многу пристојна предност, излегувањето на безбедносното возило на љубителите на Формула 1 им пружи еден од најинтересните судири за триумф во последно време.
Хамилтон на крајот излезе како победник, исто како и пред една седмица во Малезија, а меѓу возачите на Мерцедес епитетот јунак на трката го заслужува Перез. Младиот Мексиканец на својот тим  му го донесе првиот подиум уште од Големата награда на Белгија во 2009 година, кога Џанкарло Физикела се пласира на второто место. За Перез ова е четврти пат во кариерата да се качи на подиумот, а претходно на победничкиот престол беше во Италија во 2012 година, како возач на Заубер.

Генерален пласман на возачи:
1. Нико Розберг 61
2. Луис Хамилтон 50
3. Нико Хилкенберг 28
4. Фернандо Алонсо 26
5. Џенсон Батон 23

Генерален пласман на конструктори
1. Мерцедес 111
2. Форс Индија 44
3. Мекларен 43
4. Ред Бул 35
5. Ферари 33


Најнови вести