Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2012

Шумахер ќе се пензионира по втор пат на крајот на сезоната на Формула 1

Крај на патот за легендарниот Германец. Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер денес потврди дека ќе се пензионира по завршувањето на овогодишната сезона на Формула 1.

Мерцедес веќе најави дека Шумахер во следната сезона ќе го замени Луис Хамилтон, и иако се шпекулираше дека 43-годишниот Германец би можело да премине во Заубер, тој денеска јасно рече дека се повлекува засекогаш.
Шумахер го држи рекордот по бројот на шампионати и освоени награди на Гранд при, со 91 победи. Кариерата ја почна во 1991 година и освои две титули со Бенетон и пет со Ферари. Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но се врати во Мерцедес во 2010.

Најнови вести