Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2016

Втор триумф на Розберг, Фетел се откажа

Возачот на Мерцедес славеше и во втората трка во сезоната на патеката Сахир со време од 1:33:34.696, десет секунди пред второ пласираниот Кими Раиконен од Ферари и клупскиот колега Луис Хамилтон.

Најмногу возбудување имаше на самиот почеток на трката. Првиот возач на Ферари, четирикратниот шампион Себастијан Фетел мораше да се откаже уште во кругот за загревање бидејќи му откажа моторот. Стартот на Луис Хамилтон тргна многу лошо, ја загуби пол позицијата од Нико Розберг, а потоа дојде во контакт со Валтери Ботас, по што го оштети предното крило и заврши на деветтата позиција. 
Светскиот шампион сепак брзо се подобри и по неколку кругови одлично возење дојде на третото место. Се обиде да се впушти во борба за повисок пласман, но Розберг и Раиконен беа перфектни и Британецот на крајот не можеше да отиде погоре од последното место на победничкиот пиедестал.
Розберг во Бахреин го оствари петтиот по ред триумф и во генералниот пласман води со 50 бодови, пред Луис Хамилтон со 33 и Даниел Рикијардо со 22 бодови.
Третата трка е на програмата за 17-ти април во Шангај за Големата награда на Кина.

Најнови вести