Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2016

Голманот на Барнли во репрезентацијата на Англија

Голманот на Манчестер сити Џо Харт се повреди во градското дерби со Јунајтед и мораше да му откаже на селекторот на националниот тим на Англија, Рој Хоџсон.

Иако британските медиуми очекуваа и најавуваа дека наместо него ќе биде повикан некој голман од Премиер лигата, се случи чудна и несекојдневна ситуација.
Том Хитон, член на Барнли кој се наоѓа на првото место на табелата во Англискиот шампионат, ќе им се придружи на Џек Батланд и Фрејзер Фостер.
Хитон оваа сезона бранеше на сите 38 натпревари во втората лига на Островот и прими 31 погодок. Тој од 2004 до 2010 година беше член на Манчестер јунајтед, но не одигра ниту еден натпревар.
Поголемиот дел од кариерата го помина како позајмен играч во Свиндон, Антверпен, Кардиф, Рочдејл, Вајкомб...
Англија во оваа репрезентативна пауза прво ќе и гостува на Германија во Берлин, а потоа на „Вембли“ ќе ја пречека Холандија.

Најнови вести