Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2016

Тешка повреда на Лапорт

Еден од најбараните млади играчи на Европа Ајмерик Лапорт доживеа потешка повреда на зглобот.

Тоа се случи кога дефанзивниот играч на Атлетик Билбао настапуваше за младата репрезентација на Франција против репрезентацијата на Шкотска.
„Првите снимки не се добри. Им благодарам на сите на пораките за поддршка. Поради отокот не можат да се извршат подетални прегледи, но ќе бидете информирани штом ќе имам повеќе детали“, напиша Лапорт.
Лапорт оваа сезона одигра 45 натпревари на сите натпреварувања се наоѓа на радарот на Манчестер сити и Барселона.

Најнови вести