Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2016

Батленд ќе го пропушти Европското првенство

Голманот на репрезентацијата на Англија Џек Батленд најверојатно ќе го пропушти Европското првенство во Франција поради фрактура на зглобот.

Батленд, кој брани за Стоук, се повреди во триумфот на Англија над Германија со 3-2 во пријателскиот натпревар.
До неговата повреда дојде само неколку моменти пред да го прими првиот гол на Олимпискиот стадион во Берлин, а со солзи во очите беше изнесен од теренот на носилки.
Дваесет и три годишниот Батленд изјави дека е неутешен поради повредата.
Селекторот на Англија Рој Хоџсонтимот за Европско првенство кое почнува за помалку од 11 седмици ќе го објави на 12-ти мај.
Англија во вторник на „Вембли“ ќе ја пречека репрезентацијата на Холандија, но Хоџсон не планира да повика замена за Батленд, кој во саботата беше заменет од Фрејзер Фостер.
Голманот на Саутхемптон, Фрејзер Фостер во саботата влезе во игра на местото на Батленд и тој ќе биде во стартните 11 во дуелот со Холандија, додека Том Хитон од Барнли исто така ќе биде во тимот.
Покрај Англија, поради повредата на Батленд во проблеми се најде и Стоук, а засега не се знае колку точно ќе отсуствува од теренот.