Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2015

Саутхемптон остана без првиот голман

Фрејзер Фостер, голманот на Саутхемптон, ќе го пропушти остатокот на сезоната поради повреда на левото колено, соопшти англискиот фудбалски клуб.

Фостер незгодно падна во текот на натпреварот со Барнли во Премиер лигата минатата сабота, по што беше изнесен од теренот, а ќе мора да оди и на операција.
Дополнително ќе биде познато колку ќе паузира репрезентативниот голман, а типичен временски период за пауза поради овој вид повреда на коленото е меѓу девет месеци и една година.
Фостер е најдобриот играч на Саутхемптон оваа сезона, откако летоска дојде од шампионот на Шкотска, Селтик.
Тренерот Роналд Куман од голманите на располагање ги има уште Келвин Дејвис и Пауло Газанига.
Саутхемптон е шести на табелата на Премиер лигата и се бори за Лигата на шампионите.

Најнови вести