Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2016

Обамејанг: Не си одам од Борусија

Пјер-Емерик Обамејанг тврди дека нема да ја напушти Борусија Дортмунд ова лето.

Еден од најдобрите напаѓачи на Европа е наводно желба на Реал Мадрид, кој пак е подготвен да плати дури 90 милиони евра.
„Дортмунд е град кој е ‘луд’ за фудбалот, а моето семејство и јас се чувствуваме како да сме дома. Никогаш не сум криел дека еден ден би сакал да играм за Реал, но сега во Борусија ми е сосема во ред. Сепак, тоа не значи дека лесно ќе го продолжам договорот“, изјави Обамејанг.
Момчето од Габон доминира оваа сезона во дресот на Борусија, постигна 35 голови на 40 натпревари. Борусија го доведе во 2013 година од Сент Етјен за12 милиони евра, а има договор до 2020 година.
Играше уште и за Милан, Дижон, Лил и Монако.

Најнови вести