Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2016

На Игуаин му се заканува поголема казна

Напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин би можел да добие поголема суспензија од стандардната од еден натпревар за исклучување.

Аргентинецот е под истрага на Фудбалскиот сојуз на Италија поради бурната реакција на црвениот картон во поразот на Наполи во Удине.
Најдобриот стрелец во Серија А е исклучен 15 минути пред крајот на натпреварот со Удинезе, а за да се избегне инцидент мораа да го смируваат соиграчите.
Поради тоа на Игуаин му се заканува пауза од три натпревари, што би можело да биде погубно за Наполи, кој сега заостанува шест бодови зад лидерот Јувентус, седум кола пред крајот на сезоната. 
Наполи ќе игра уште со Верона, Интер, Болоња, Рома, Аталанта, Торино и Фрозиноне.
Игуаин постигна 30 голови во Калчо оваа сезона, повеќе отколку вториот и третиот на листата на најдобрите стрелци, Карлос Бака и Пауло Дибала, кои дадоа по 14.

Најнови вести