Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Игуаин измислува причини зошто да не оди во Милан

Напаѓачот на Јувентус не сака да биде во клуб кој не игра во Лигата на шампионите.

Трансферот на Гонзало Игуаин од Јувентус во Милан останува неизвесен, и тоа најмногу поради самиот играч. Аргентинецот, едноставно, не сака да си замине од Торино за да игра во екипа која нема да настапува во Лигата на шампионите. 
Аргентинскиот голгетер постојано измислува разни причини поради кои не сака да си оди од Јувентус. Кај „старата дама“ тој добива плата од 7,5 милиони евра, а за трансфер во Милан, од „росонерите“ бара да има плата од девет милиони евра, односно 1,5 милион повеќе од неговата актуелна плата.
Џенаро Гатузо, тренерот на Милан,  изјави дека за трансферот на Игуаин на „Сан Сиро“ задолжен е спортскиот директор Леонардо и од него очекува позитивни вести. 
Игуаин речиси сигурно го загуби местото во Јувентус во оној момент кога италијанскиот првак го направи мегатрансферот со доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Најнови вести