Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2016

Тухел: Способни сме за гол на „Енфилд роуд“

Тренерот на Борусија Дортмунд Томас Тухел не е песимист по ремито со Ливерпул во првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на Европа.

Натпреварот на „Сигнал Идуна парк“ заврши 1-1, Ливерпул поведе во 17-тата минута, а Борусија изедначи во 48-та минута.
„Токму ова го очекувавме од Ливерпул, но очекувавме и од себе да бидеме подобри, послободни во пасовите, подобри во ритамот. Способни сме да ја затресеме мрежата на гостувањето, не сме уплашени ниту разочарани. Сега не одигравме врвно, а за победа е неопходна врвна партија. Ова е само полувреме, имаме самодоверба и се свртуваме кон ‘Енфилд роуд’ “, изјави Тухел. 
Реванш натпреварот ќе се одигра на 14-ти април на „Енфилд роуд“.

Најнови вести