Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2016

Клоп: Прекрасна ноќ на „Енфилд роуд“

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп беше воодушевен од начинот на кој неговиот тим се избори за пласман во полуфиналето од Лигата на Европа.

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа со неверојатен пресврт во реванш натпреварот со Борусија Дортмунд.
„Црвените“ губеа со резултат од 3-1 од 57-та минута, но на феноменален начин стигнаа до триумфот, со погодокот на Дејан Ловрен во првата минута од судиското продолжение. 
„Тешко е да се објасни. Прекрасна ноќ на ‘Енфилд роуд’, а да бидам искрен, натпреварот беше чуден од самиот почеток. На целиот натпревар Борусија покажа квалитет. Имаа шанси, а ние ја губевме топката под притисокот иако сакавме да парираме. Резултатот од 0-2 е убиствен против тим кој има контра напад како Дортмунд, но остатокот на натпреварот беше фантастичен“, изјави Клоп. 
Тој истакна дека не сакал да се предаде, иако веќе во деветтата минута на семафорот пишуваше 0-2.
„Кога ги воведовме во играта Ален и Стариџ сакавме да им пратиме порака, да го покажеме карактерот на овој тим. Ако загубиме, нема врска, тоа е фудбалот, но моравме да покажеме карактер. Ова е европски фудбал во своето најдобро издание и беше прекрасно, неверојатно“, додаде Германецот.

Најнови вести