Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2016

Зидан: Сè уште ништо не сме освоиле

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан по пласманот во финалето од Лигата на шампионите истакна дека „кралскиот клуб“ сè уште нема ништо освоено.

Реал во двојниот натпревар во полуфиналето беше подобар од Манчестер сити и со минимален резултат во реванш натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, успеа да се пласира во финалето на најелитното натпреварување.
„Знаевме дека ќе биде тешко, но на крајот успеавме, во финалето сме. Навивачите беа со играчите од првиот момент, а тоа многу помогна. Финалето ќе биде совршено, но сега мораме да уживаме во овој момент. Ова е важен ден“, изјави Зидан.
Мадриѓаните во финалето од Лигата на шампионите на 28-ми мај на стадионот „Сан Сиро“ во Милан ќе се сретнат со градскиот ривал Атлетико, кој во полуфиналето го елиминираше Баерн Минхен.
„Многу сум среќен, не само за себе, среќен сум поради играчите бидејќи сработија одлична работа. Мораме да уживаме во овој момент, но сè уште ништо не сме освоиле. Знаеме дека на 28-ми мај не очекува тежок натпревар“, изјави Зидан.
Реал и Атлетико Мадрид ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите по втор пат во последните три сезони. Во финалето во 2014 година славеше Реал со 4-1 и тогаш го освои својот десетти трофеј во Лигата на шампионите.

Најнови вести