Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2016

Велбек пред подолга пауза

Настапот на фудбалерот на Арсенал Дени Велбек на Европското првенство е под знак прашање по повредата која ја заработи на натпреварот против Манчестер сити.

Велбек во 24-тата минута на натпреварот против Сити го напушти теренот поради повредата на коленото.
Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер по натпреварот изјави дека е загрижен, како и дека степенот на повредата на Велбек ќе биде познат по денешниот преглед.
Селекторот на Англија, Рој Хоџсон, би требало на 12-ти мај да го соопшти списокот од 23 фудбалери за Европското првенство во Франција.
Велбек на теренот се врати во февруари по паузата од 10 месеци поради повредата на коленото, која ја заработи во април минатата година.

Најнови вести