Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2011

Сахин почна со тренинзи

Нури Сахин, играчот на Реал Мадрид, почна да тренира откако закрепна од повредата на коленото.

Сахин летово премина во Реал од Борусија Дортмунд, но поради повредата сè уште нема дебитирано за „кралевите“.
Реал денес го пречекува Вилјареал во првенството на Шпанија, а од тимот ќе изостанат Раул Албиол, Ласана Дијара и Рикардо Карвалјо.
Левиот бек Фабио Куентрао закрепна од повредата и ќе биде во составот за денешниот меч.
Реал моментно е втор во шпанската Примера лига, со бод помалку од Леванте.

Најнови вести