Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Велбек девет месеци надвор од теренот

Фудбалерот на Арсенал Дени Велбек ќе отсуствува девет месеци од теренот поради операција на коленото, соопшти клубот од Лондон.

Англискиот напаѓач се повреди на натпреварот со Манчестер сити, а по прегледот е утврдено дека му е уништена рскавицата на десното колено.
Велбек ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Франција и добар дел од следната сезона. 
Откако во февруари се врати на теренот по паузата поради повредата на левото колено, со која се здоби во мај минатата година, Велбек постигна пет голови, но му се случи нова повреда и го чека уште една долга пауза.

Најнови вести