Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2016

Хамилтон конечно го покори Монте Карло

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на големата награда на Монако во шестата трка во сезоната на Ф1, откако одлично успеа да им се спротивстави на нападите на Даниел Рикардо во болидот на Ред Бул.

Бранителот на титулата на улиците на Монте Карло дојде до првата победа оваа сезона во Кнежевството, а 44-та во кариерата, по одличното возење тој профитираше и од грешките на Ред Бул во боксот.
Рикардо, кој еден ден порано ја освои првата пол позиција во кариерата на целта имаше само седум секунди заостанување, а на нив двајцата им се придружи возачот на Форс, Серхио Перес.
Големата награда на Монако беше возена во променливи услови, што дополнително ја зачини борбата на патеката, а можеа да се видат многу инциденти, но и одлични маневри. Трката започна зад безбедносното возило поради дождот кој паѓаше во Монте Карло пред самиот старт, а како се сушеше патеката така имаше сè повеќе возбудувања. Во самиот финиш на трката повторно почна да врне, но тоа не донесе до промена во пресвртот.
Покрај одличната борба на Хамилтон и Рикардо, трката ја забележа и откажувањето на победникот на претходната трка, Макс Ферстапен. Младиот Холанѓанец имаше одлични претекнувања на улиците во Монте Карло, но преголемата агресивност го чинеше многу, па како квалификациите така и трката ја заврши удирајќи во оградата покрај патеката. Тој инцидент предизвика да пријде безбедносното возило, кое беше вклучено уште три пати, а еднаш поради кеса која долета на патеката.
По шестата трка, Розберг се наоѓа на челото на генералниот пласман со 106 бодови, а го следат Хамилтон со 82 и Рикардо со 66.
Овогодинешниот шампионат во Ф1 продолжува со Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ на 12-јуни.

Најнови вести