Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2016

Фернандо Јеро го презема Реал Овиедо

Поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Јеро ја започна самостојната тренерска кариера.

Легендарниот дефанзивен играч на Реал Мадрид започнува од втората лига на Шпанија и го презема Реал Овиедо.
Јеро потпиша двегодишен договор со тимот од втората лига во Шпанија, кој минатата година заврши на деветтото место.
Тој минатата сезона му беше помошник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, за кој играше 14 години и настапи 439 пати.
Иако беше одбранбен фудбалер, постигна дури 102 гола, беше задолжен за изведување на пеналите.
Освои вкупно 16 трофеи, од кои три во Лигата на шампионите и пет во Примера.
За репрезентацијата на Шпанија забележа 89 настапи и постигна 29 голови, а се наоѓа на четвртото место на листата на стрелците, веднаш зад Раул, Давид Вилја и Фернандо Торес. 

 

Најнови вести