Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Хамилтон победи во Канада

Актуелниот шампион Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Канада во седмата трка на овогодинешниот шампионат на Ф1.

Возачот на Мерцедес дојде до петтата победа на патеката „Жил Вилнев“, втора по ред оваа сезона, а 45-та во кариерата.
Второто место го зазема Себастијан Фетел во болидот на Ферари, додека како трето пласиран целта ја помина возачот на Вилијамс, Валтери Ботас.
Водејќи во генералниот пласман Нико Розберг го зазема петтото место во Монтреал, по контактот со Хамилтон во првата кривина.
Големата награда на Канада не пружи многу возбуда како претходните години, а го одбележа херојското возење на Хамилтон. Британецот само еднаш влезе во боксот и во вториот сет со гумите издржа 46 кругови, а поради своите грешки Фетел не успеа да го предизвика во борба за подиумот. 
Првиот дел од трката му припадна на Фетел, кој одлично стартуваше и успеа да се пробие пред возачот на Мерцедес, меѓу кои дојде до контакт. Хамилтон се одржа зад четирикратниот шампион, додека Розберг падна на десеттото место и успеа да се пробие во текот на трката. До вистински дуел меѓу двајцата најдобри не дојде, бидејќи двајцата кога имаа водство беа неколку секунди понапред.
Овогодинешниот шампионат на Ф1 продолжува на 19-ти јуни со трката за Големата награда на Европа во Баку.

 

Најнови вести