Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Реал Мадрид тргнува по Канте

Фудбалерот на Лестер Нголо Канте е трансфер цел на Реал Мадрид, пренесува „Скај Спорт“.

Мадриѓаните се воодушевени од играта на францускиот играч за врска, кој одигра одлични партии за својот клуб, успеа да го повтори тоа и во дресот на репрезентацијата за која настапува на Европското првенство.
Реал Мадрид на тој начин се вклучи во трката за потписот на 25-годишниот фудбалер на Лестер за кого се заинтересирани Челзи, Арсенал, ПСЖ, а голем интерес пројавува за него и Манчестер јунајтед.
Канте во текот на кариерата настапуваше за Болоња и Кан, од каде во август 2015 година дојде во Лестер за сума од 8 милиони евра.
Најголемите заслуги за доведувањето на Канте во Лестер има скаутот Стив Волш, кој е заслужен и за трансферите на Ријад Марез и Џејми Варди.
Французинот за „лисиците“ запиша 40 настапи и постигна еден погодок, а беше и еден од клучните играчи за освојувањето на првата титула на Лестер во историјата на Англија.

Најнови вести