Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Мората се враќа во Реал, па на трансфер листа

Фудбалерот на Јувнетус Алваро Мората дефинитвно ќе се врати во Реал бидејќи мадриѓаните ќе ја искористат клаузулата и ќе платат 30 милиони евра.

Угледните шпански весници „Марка“ и „Газета дело спорт“ пишуваат дека Реал го информирал Јувентус дека до крајот на јуни ќе ја активира можноста од претходното договореното.
Реал при трансферот на шпанскиот напаѓач во Јувентус пред две години стави клаузула во која има право да го врати во Мадрид за 30 милиони, 10 повеќе отколку што го купи тимот од Торино.
Сепак, тоа не значи дека Мората ќе остане во Реал бидејќи постои план и да го продадат за 75 милиони евра, што би можеле да го искористат Челзи, Арсенал или Манчестер јунајтед.
Мората зад себе има две одлични сезони во дресот на шампионот на Италија, стана еден од клучните играчи, освои две двојни круни и играше во финалето во Лигата на шампионите.

Најнови вести