Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2016

Хоџсон си поднесе оставка

Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија Рој Хоџсон поднесе оставка по елиминацијата на Англија од Европското првенство.

„Жал ми е што ќе мора да заврши на овој начин, но такви работи се случуваат. Се надевам дека наскоро ќе ја видиме Англија во финалето на некој голем турнир“, изјави Хоџсон.
Британските медиуми пренесоа дека Хоџсон на конференцијата на медиумите по натпреварот стигна со веќе подготвено соопштение.
„Време е некој друг да направи напредок со овие млади и гладни за успех, но воедно и исклучително талентирани момчиња“, изјави Хоџсон.
Фудбалската репрезентација на Англија беше елиминирана од Европското првенство, откако синоќа во осминафиналето во Ница загуби од репрезентацијата на Исланд со 1-2.
Англија поведе со пеналот кој го постигна Вејн Руни во четвртата минута, а Исланд направи пресврт со погодоците на Рагнар Сигурдсон во 6-тата и Колбејн Сигтоурсон во 18-тата минута.
Исланд во четврт-финалето ќе игра против домаќините, Франција.

Најнови вести