Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2016

Бајката на Исланд сè уште трае, Англичаните се враќаат дома

Фудбалската репрезентација на Исланд направи сензација со пласманот во четврт-финалето на Европското првенство во Франција.

Во последниот дуел во осминафиналето Исланд по пресвртот ја победи Англија со 2-1 и во борбата за полуфиналето ќе игра против Франција.
Многумина зборуваа дека Исланд направи грешка кога со голот во последните моменти против Австрија одбра да оди во потешкиот дел на структурата. Многумина сметаа дека Англија ќе ја наполни нивната мрежа, а особено по раниот гол веќе во четвртата минута со пеналот кој го постигна Вејн Руни.
Сепак, тоа не се случи. Исланд одигра уште еден херојски натпревар, успеа да направи пресврт веќе во првото полувреме со головите на Рагнар Сигурдсон во 6-тата и Колбејн Сигтоурсон во 18-тата минута. 
Во останатиот дел на натпреварот Англија не најде решение за фантастичната борбеност на противникот, во поголемиот дел од натпреварот 11-те играчи на Исланд беа зад топката, а тимот на Рој Хоџсон немаше идеја како да го пробие тој ѕид.
На крајот остана 2-1, па тимот на Исланд ќе игра против домаќинот во борбата за полуфиналето.

 

Најнови вести