Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2016

Крај на бајката на Исланд: Франција во полуфиналето

Фудбалската репрезентација на Франција го сопре најпријатното изненадување на Европското првенство и се пласираше во полуфиналето.

Тимот на Дидие Дешамп беше подобар од репрезентацијата на Исланд со 5-2 на „Стад д Франс“ и ќе игра против селекцијата на Германија во борбата за големото финале.
Фудбалерите на Исланд на овој турнир ги добија симпатиите на сите неутрални љубители на фудбалот. Ја поминаа групната фаза во своето прво учество на големото натпреварување, во осминафиналето направија сензација исфрлувајќи ја репрезентацијата на Англија, но понатаму не можеа.
Франција во четврт-финалето покажа далеку подобра игра од самиот старт на турнирот, па целата работа ја заврши уште во првото полувреме во кое водеше со 4-0.
Оливие Жиру ја затресе мрежата во 12-тата минута. Пол Погба го постигна својот прв гол на шампионатот осум минути подоцна, а до полувремето погодуваа и најдобрите стрелци на турнирот - Паје во 43-тата и Гриезман во 45-тата минута.
Во второто полувреме фудбалерите на Исланд намалија со голот на Сигтоурсон во 56-тата минута, но надежта за чудесент пресврт набрзо им ја изгаси Оливие Жиру кој три минути подоцна погоди за 5-1. Конечниот резултат седум минути пред крајот го постави Бјарнасон со погодокот за 5-2.
Во второто полуфинале се сретнуваат Велс и Португалија.

Најнови вести