Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Диего потпиша за Фалменго

Поранешниот напаѓач на Фенербахче Диего Рибас е новиот играч на бразилскиот Фламенго, објавено е на интернет страницата на клубот.

Првиот клуб на Диего беше бразилскиот Сантос за кој настапуваше од 2002 година до 2004 година и сега по речиси 12 години ќе се врати во својата земја каде ја започна кариерата.
По две години во турскиот клуб, поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Вердер, Волфсбург, Јувентус и Порто потпиша нов договор на три години.
За Фенербахче настапи на 53 натпревари и постигна 5 голови, а најдобрите години ги помина во Вердер, каде во тек на три сезони од 2006 година до 2009 година беше стрелец на 38 голови. 

Најнови вести