Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2016

Венгер остана без одбрана, Мертесакер паузира пет месеци

Дефанзивниот играч на Арсенал Пер Мертесакер доживеа тешка повреда на стартот од подготовките на новата сезона.

Германскиот дефанзивен играч би можел да паузира до пет месеци поради проблеми со коленото, пренесуваат англиските медиуми.
Мертесакер играше за „топчиите“ и одигра нерешено со Ланс (1-1) минатата седмица, но не отпатува на турнејата во САД.
Арсен Венгер веќе има проблеми со повредените дефанзивни играчи,а освен 31-годишниот Германец надвор од теренот се уште и Лоран Косељни и Габриел.
Три седмици пред стартот на Премиер лигата, Венгер од играчи кои можат да играат на позицијата дефанзива може да смета само на Калум Чемберс. Освен дефанзивни играчи повредени се и напаѓачите Алексис Санчес и Дени Велбек.
Арсенал во САД ќе игра против МЛС Ол-стар тимот на 29-ти јули и мексиканската Гвадалахара на 31-ви јули, па против норвешкиот Викинг на 5-ти август и Манчестер сити на 7-ми, пред почетокот на Премиер лигата и дербито со Ливерпул во првото коло на 14-ти август.

Најнови вести