Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Азар: Конте нè води кон титулата

Еден Азар, офанзивниот играч на Челзи, изјави дека е охрабрен на почетокот на сезоната во Премиер лигата по доаѓањето на новиот менаџер Антонио Конте, кој според неговото мислење, може да ја врати титулата на „Стемфорд бриџ“.

„Конте е одличен менаџер, верува во нас и ние се обидуваме да му ја возвратиме довербата. Секако дека сакаме да бидеме шампиони, но рано е да се зборува за тоа бидејќи и другите тимови се добри. Во Челзи атмосферата е фантастична, а сите сакаат да победат дури и на тренинг. Иако е почеток на сезоната, ние сакаме да останеме на врвот на табелата“, изјави Белгиецот, кој пред две сезони беше најдобар играч на Премиер лигата, кога Челзи под водство на менаџерот Жозе Мурињо стигна до титулата.
Еден Азар, како и целиот тим на Челзи се изморија во минатата сезона, па по лошите партии, Мурињо беше сменет, а на негово место привремено дојде Гус Хидинк, а од летово Антонио Конте.
„Сините“ со Конте на клупата на стартот на Премиер лигата го совладаа Вест хем со 2-1 во првото коло, додека во второто по пресвртот беа подобри од Вотфорд со 2-1.

Најнови вести