Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2016

Сиригу на заем во Севилја

Салваторе Сиригу, голманот на ПСЖ, една сезона ќе игра на заем во Севилја, објави шпанскиот клуб.

ПСЖ соопшти дека Севилја има опција на крајот на сезоната да го откупи договорот на Сиригу.
Италијанскиот чувар на мрежата го изгуби местото во екипата на ПСЖ со доаѓањето на германскиот голман Кевин Трап, а парижаните го вратија и Алфонс Ареола од заемот во Вилјареал.
Барањето на Сиригу беше да биде прв голман на Севилја, што челниците на клубот прифатија во конкуренција на Серхио Рико и Давид Сорија.
Сиригу во ПСЖ стигна во 2011 година од Палермо, а претходно беше член на Кремонезе и Анкона.
За клубот од Париз бранеше пет години и одигра 179 натпревари. За репрезентацијата на Италија настапи 17 пати.

Најнови вести