Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Розберг рутински до победа, Хамилтон од последната позиција до подиумот

Нико Розберг, возачот на Мерцедес, триумфираше на Големата награда на Белгија, на 13-тата трка на овогодишниот шампионат на Формула 1, која ја обележа тешката несреќа на Кевин Магнусен во болидот на Рено.

Розберг на патеката „Спа-Франкошам“ дојде до шестата победа оваа сезона, а 20-та во кариерата, по водството од стартот до целта, па неговиот триумф во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Второто место го зазеде Даниел Рикијардо во болидот на Ред Бул, додека на третото скалило на победничкиот престол се најде актуелниот шампион Луис Хамилтон, по стартот од последната позиција.
Големата награда на Белгија беше возена во два дела, поради несреќата на Магнусен, кој изгуби контрола над болидот и удри во заштитната ограда во еден од најтешките свиоци во целиот календар. Младиот Данец целосно го уништи болидот, но и оградата, поради што не беше безбедно трката да продолжи под тие услови.
Дотогаш Хамилтон веќе успеа да се пробие до петтото место по стартот од последната позиција поради големиот број казни по промената на моторот од почетокот на тркачкиот викенд. И додека неговиот тимски колега рутински ја одржуваше предноста во однос на Рикијардо, Британецот се пробиваше и на крајот дури го предизвика Австралиецот во борба за второто место. Но, мораше уште еднаш да оди во боксот, но викендот за себе си го спаси третото место.

Најнови вести