Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2016

Реми во Кристал палас до крајот на сезоната

Лоик Реми, фудбалерот на Челзи, ќе игра на заем во Кристал палас до крајот на сезоната, објави вчера неговиот клуб.

Францускиот напаѓач ниту кај новиот менаџер Антонио Конте не успеа посериозно да се наметне, па избра да оди на заем во редовите на градскиот ривал.
Реми за две години меѓу „сините“ одигра 47 натпревари и даде 14 голови во сите натпреварувања.
Причина за одењето во Кристал палас е тоа што повторно ќе соработува со менаџерот Алан Пердју, по добрата епизода во Њукасл.
Реми е петто значајно засилување на Кристал палас ова лето, по: Кристијан Бентеке ( Ливерпул, 26,5 милиони фунти), Андрос Таунсенд (Њукасл, 13,2), Џејмс Томкинс (Вест хем, 9,95) и голманот Стив Манданда (Марсеј, без оштета).

 

Најнови вести