Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2016

Давид Луиз се врати на „Стемфорд бриџ“

Бразилскиот дефанзивен играч Давид Луиз си замина од ПСЖ и повторно направи трансфер во Челзи.

Луиз пред две сезони токму од „Стемфорд бриџ“ замина во ПСЖ за сума од 50 милиони евра. Сега во Лондон се враќа за 40 милиони евра и ќе биде адут на Антонио Конте, новиот менаџер на Челзи.
Бразилецот беше стандарден играч во составот на Челзи сè до додека не дојде Жозе Мурињо, а потоа мораше да си замине бидејќи не беше во неговите планови. Тогаш направи голем трансфер во ПСЖ, а сега повторно се враќа назад и ќе води битка за титулата со Мурињо, кој сега е менаџер на Манчестер јунајтед. Дресот на „црвените ѓаволи“ го носи и Златан Ибрахимовиќ, неговиот довчерашен соиграч од ПСЖ.
Покрај Луиз, и ѓпанскиот интернационалец Маркос Алонсо е ново засилување на Челзи. Левиот бек доаѓа на инсистирање на новиот менаџер Антонио Конте, а вчера потпиша петгодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“. Челзи за трансферот на Алонсо на Фиорентина ќе ѝ плати оштета од 27 милиони евра.

Најнови вести