Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2016

Фламини нов играч за врска на Кристал палас

Матје Фламини, досегашниот играч за врска на Арсенал, потпиша договор со Кристал палас до крајот на сезоната.

Како што соопшти Кристал палас, триесет и двегодишниот француски фудбалер потпиша договор како слободен играч.
Арсенал ова лето му дозволи на Фламини да го напушти клубот, а во својата нова екипа ќе го носи дресот со бројот четири.
„Кристал палас е многу амбициозен клуб со многу силни играчи и се радувам што ќе бидам дел од таа екипа. Ова за мене е интересен предизвик и возбуден сум. Имав можност да разговарам со тренерот Алан Пердју и тој ми помогна да донесам одлука“, изјави Фламини за интернет-страницата на Кристал палас.
Пердју изјави дека сакал да доведе уште еден играч од средината на теренот и дека е задоволен од тоа што во екипата ќе има фудбалер од таков калибар.
Фламини кариерата ја почна во Марсеј во 2003, а една година подоцна направи трансфер во Арсенал. Тој во двата мандати за седум сезони одигра 246 натпревари за „топчиите“, а минатата сезона 24.
Три пати го освои ФА купот и играше во финалето на Лигата на шампионите во 2006 година.
Фламини од 2008 до 2013 година играше за Милан и ја освои шампионската титула во 2011 година.

Најнови вести