Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2016

Алавес направи сензација на „Камп ноу“

Фудбалерите на Алавес ја победија Барселона на домашен терен со 2-1 со головите на Дејверсон во 40-тата и Ибаи во 64-тата минута, а стрелец за домаќинот беше Матје во 46-тата минута.

Шпанскиот шампион натпреварот го почна без Лео Меси кој заздравува од повредата, Луис Суарес и Андрес Инијеста што на крајот и го чинеше три бода. Алавес го постигна првиот гол на пет минути пред крајот на полувремето преку Дејверсон, но веќе на стартот на вториот дел Жереми Матје го израмни резултатот по корнер, а неколку минути подоцна не погоди зицер за водство.
Казната за каталонците дојде во 64-тата минута кога Ибаи Гомез успеа да ја стигне топката која Маскерано ја пропушти и погоди за ново водство. До крајот на натпреварот гостите го издржаа притисокот и ја направија првата сензација во шпанското првенство.
На голот на Барселона дебитираше Мартин Силесен поради повредата на Тер-Штеген, а тројката на Барселона Меси, Суарес и Инијеста влезе во игра по 60-тата минута на натпреварот, но не успеа да спаси бод.

Најнови вести