Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

По поразот од Алавес, седуммина на клупата

Луис Енрике, тренерот на Барселона, подготви дури седум измени за дуелот со Селтик.

Резервниот тим на Барселона не воодушеви на натпреварот против Алавес, Каталонците изгубија со 2-1, но немаат време за размислување, само што почна сезоната, а утре веќе стартува Лигата на шампионите.
Барселона на својот „Камп ноу“ ќе ја нагости екипата на Селтик, а Луис Енрике подготви дури седум измени во однос на натпреварот со Алавес.
Во првиот тим се враќа комплетната одбрана, Серхи Роберто, Жерар Пике, Самјуел Умтити, Жорди Алба, во редот за врска капитенот Андрес Иниеста и во нападот Лионел Меси и Луис Суарес.
Тоа значи дека на клупата ќе останат стартерите против Алавес: Видал, Маскерано, Матје, Дињ, Денис Суарез, Арда Туран и Пако Алкасер.
Натпреварот меѓу Барселона и Селтик на програмата е утре, од 20.45 часот, додека во другиот натпревар од групата Ц ќе играат Манчестер сити и Менхенгладбах.

Најнови вести