Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2016

Икарди: Сакам да му давам голови на Јувентус

Мауро Икарди, напаѓачот на Интер, по победата над Јувентус од 2-1, изјави дека сака да постигнува голови против „старата дама“.

Јувентус поведе со голот на Лихштајнер, но Икарди прво изедначи, а потоа му асистираше на Перишиќ за победоносниот гол.
„Ако го играме секој натпревар како овој, би имале многу успех. Јувентус е голем тим, овие натпревари за нас се врв. Исто така, најмногу сакам да му давам голови на Јувентус. Сепак, мораме да продолжиме вака“, изјави Икарди по втората лигашка победа на својот тим во четвртото коло.
Новиот тренер Франк де Бур е под голем притисок бидејќи освои само четири бодови во првите три кола.
„Тешко им е на тренерите во фудбалот, тие нè учат нас, но ние сме тие кои мораат тоа да го спроведат во дело. Секогаш е тренерот тој којшто е казнет, но Де Бур нам од старт ни всади глад“, додаде Икарди.
Во следното коло, во среда, Интер гостува кај Емполи.

 

Најнови вести