Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Енрике остана без Умтити

Барселона ослабена ќе го дочека Атлетико Мадрид. Самјуел Умтити вчера доживеа лесна повреда на лигаментите на коленото и ќе мора да паузира наредните две седмици.

Иако не станува збор за тешка повреда, каталонскиот „Спорт“ пишува дека Умтити ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид, потоа гостувањата кај Спортинг Хихон и Менхенгладбах, а во најдобар случај на теренот може да биде за десетина дена, кога Барселона гостува кај Селта.
Неговото место во наредните три натпревари ќе го заземе Хавиер Маскерано.
Умтити го исфрли од поставата Хавиер Маскерано и е еден од најдобрите играчи на Барселона од почетокот на сезоната. Аргентинецот најверојатно ќе го заземе неговото место во тандем со Пике.
Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на програмата е вечерва од 22 часот.

Најнови вести