Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2016

Меси ќе паузира три седмици

Лионел Меси ќе паузира наредните три седмици по повредаta на препоните во дербито со Атлетико Мадрид (1-1).

Аргентинецот се повреди по дуелот со Диего Годин и теренот го напушти половина час пред крајот на натпреварот на „Камп ноу“ синоќа.
Напаѓачот на Барселона на почетокот на месецот го пропушти натпреварот на репрезентацијата со Венецуела поради истиот проблем, но ги одигра сите пет средби во Примера лигата.
Сега ќе ги пропушти: дуелот со Менхенгладбах во Лигата на шампионите, средбите против Спортинг Хихон и Селта во Примера лигата, како и натпреварите на Аргентина со Перу и Парагвај во квалификациите за Светското првенство.
Се очекува да биде подготвен за дуелот со Ла Коруња на 15-ти октомври, како и за дербито со Манчестер сити во третото коло на Лигата на шампионите четири дена подоцна.
Меси постигна осум голови на седум натпревари оваа сезона, четири во Примера лигата, а три во Лигата на шампионите.

Најнови вести