Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2016

Иниеста сака нов договор, Сити демне од страна

Ситуацијата на „Камп ноу“ далеку е од рајска. Барселона одигра нерешено на свој терен со Атлетико, заостанува со три бода зад Реал, Меси е повреден, а изгледа дека и еден од носителите, Андрес Иниеста, не е најзадоволен од третманот.

Не е тајна дека Манчестер сити и Пеп Гвардиола во своите редови сакаат да го видат јунакот од финалето на Светското првенство 2010 година. Наизглед тоа делува како невозможна мисија, бидејќи играчот за врска повеќе пати изјави дека кариерата сака да ја заврши во Барселона, но по изјавата по завршувањето на натпреварот со Атлетико Мадрид, делува дека да се отвора простор на крајот да заврши на „Етихад“.
„Ќе мора да ги прашам луѓето од управата да ми го обноват договорот. Повторно кажувам, сакам да останам. Сакам да ја завршам кариерата во Барселона. Моментно многу уживам“, изјави Иниеста.
Договорот му истекува во 2018 година, а прашањето за соработката веројатно го потегна поради фактот дека управата му нуди нов договор на соиграчот од редот за врска Серхио Бускетс, а засега го одмина човекот кој во првиот тим е од 2002 година.

 

Најнови вести