Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2016

Рикијардо триумфираше во Малезија

Даниел Рикијардо, возачот на Ред Бул, е победник на трката за Големата награда на Малезија, која вчера се возеше на патеката „Сепанг“, во шампионатот на Формула 1.

Австралиецот до четвртата победа во кариерата, а прва по две години, стигна пред тимскиот колега Макс Ферстапен и Нико Розберг од Мерцедес.
Четвртото место го зазеде Кими Раиконен од Ферари, а потоа по ред завршија: Валтери Ботас, возачот на Вилијамс, Серхио Перез од Форс Индија, Фернандо Алонсо од Мекларен...
Светскиот шампион Луис Хамилтон, кој на „Сепанг“ имаше пол-позиција, не успеа да ја заврши трката бидејќи му откажа моторот.
Шампионатот на Формула 1 продолжува наредниот викенд, со трката за Големата награда на Јапонија на легендарната патека „Сузука“.

Генерален пласман на возачите:
1. Нико Розберг 288
2. Луис Хамилтон 265
3. Даниел Рикијардо 204
4. Кими Раиконен 160
5. Себастијан Фетел 153
6. Макс Ферстапен 147

Генерален пласман на конструкторите:
1. Мерцедес 553
2. Ред Бул 359
3. Ферари 313
4. Форс Индија 124
5. Вилијамс 121
6. Мекларен 62

Најнови вести