Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2016

Рамос еден месец надвор од теренот

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос би можело да отсуствува од теренот еден месец поради повреда на коленото на натпреварот со Албанија.

Рамос на десет минути пред крајот незгодно скокна, веднаш се фати за коленото, беше јасно дека нема да може да го продолжи натпреварот, па го замени Мартинес.
Како што пренесува „Марка“, според првите дијагнози, Рамос го изместил коленото, што би значело дека нема да може да игра еден месец.
Тоа ќе му создаде многу проблеми на Реал Мадрид, бидејќи во тимот веќе се повредени Марсело, Каземиро и Модриќ.
Шпанија ја совлада Албанија во гости со 2-0 во квалификациите за Светското првенство и се наоѓа на првото место во групата со седум бодови, колку што има и Италија.

Најнови вести