Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2016

Венгер ги отстрани сите дилеми околу Белерин

Ектор Белерин се поврзува со Барселона последниве неколку месеци, а околу тоа колку се точни шпекулациите, даде изјава Арсен Венгер.

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека иднината на еден од најдобрите десни бекови на светот, Ектор Белерин, секако е во Арсенал.
„Тој е апсолутно фантастичен. Неговиот напредок е неверојатен кога ќе погледнеме каква ментална сила поседува. Сигурен сум дека сака да биде овде каде што е“, изјави Венгер.
„Има речиси уште три години од договорот, но секако дека ќе се обидеме да му го продолжиме. За мене, неговата иднина е овде, сигурно“, изјави тренерот на Арсенал по прашањата на новинарите околу шпекулациите за Барселона.
„Тој е вистински играч на Арсенал, знае многу добро кои му се потребите и какви му се вредностите, што се интегрира одлично со клубот во којшто игра“, изјави Венгер.

Најнови вести