Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2016

Хамилтон славеше во Тексас

Луис Хамилтон славеше во Тексас пред клупскиот колега од Мерцедес, Нико Розберг, кому му се приближи на 26 бодови на три трки пред крајот на натпреварувањето во Формула 1.

Немаше многу возбудувања во Тексас. Како што почна така и заврши, први беа двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг, трети беше Даниел Рикијардо од Ред Бул.
На Макс Верстапен му откажа моторот на средината од трката, таман кога можеше да дојде до возбудување, но тогаш замена на пневматиците направија и возачите на Мерцедес и лесно славеја.
Натпреварот го одбележа и лошата промена на пневматиците на Кими Раиконен, пиштолот за замена се заглави и возачот на Ферари во рикверц се врати во боксот (што е казниво).
Разликата меѓу водечкиот Розберг и второпласираниот Хамилтон на три трки пред крајот е 26 бодови. Следната трка е на 31-ви октомври во Мексико.

Генерален пласман на возачите:
1. Нико Розберг (Мерцедес) 331
2. Луис Хамилтон Мерцедес) 305
3. Даниел Рикијардо (Ред Бул) 227
4. Себастијан Фетел (Ферари) 177
5. Кими Раиконен (Ферари) 170

Генерален пласман на конструкторите:
1. Мерцедес 636
2. Ред Бул рејсинг Таг Хојер 400
3. Ферари 347
4. Форс Индија Мерцедес 138
5. Вилијмс Мерцедес 130

Најнови вести