Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2016

Меси имаше судир во тунелот на „Етихад“

Лионел Меси имаше вербален судир со еден од фудбалерите на Манчестер сити по поразот во натпреварот од четвртото коло на Лигата на шампионите (3-1). Според тврдењата на шпанските медиуми, играчот на домашната екипа го навредил Меси.

Аргентинската ѕвезда сакала да се пресмета со провокаторот, но Серхио Агуеро, земјакот на Меси и близок пријател, ја смирил ситуацијата. „Мундо депортиво“ пренесува дека Меси дури и тргнал кон соблекувалната за да го научи провокаторот на памет, и тоа со искусниот оперативец на Барса, Карлес Навал.
„Слушнав дека нешто се случува и видов дека Лео е лут. Дојдов навреме за да ја смирам ситуацијата“, кратко изјави Серхио Агуеро.
Пред да дојде Агуеро, Меси наводно стигнал фудбалерот кој го навредил да го нарече глупав.

Најнови вести