Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Почнуваат проблемите на Арсенал – се повреди Санчес

Алексис Санчес, фудбалерот на Арсенал, доживеа повреда на задниот дел на бутниот мускул на тренингот на репрезентацијата на Чиле.

Санчес вчера мораше да го напушти тренингот на националниот тим, а по прегледите, установена е мала руптура на мускулот.
Некогашниот напаѓач на Удинезе и на Барселона е еден од најважните играчи на селекцијата и сигурно е дека ќе го пропушти натпреварот со Колумбија утревечер, како и тој против Уругвај пет дена подоцна.
Освен тоа, отсуството на Алексис ќе претставува голем проблем за Арсенал, кој одлично ја почна сезоната во Премиер лигата.
Чилеанецот оваа сезона во сите натпреварувања одигра 15 натпревари за „топчиите“, постигна осум гола и забележа седум асистенции.

Најнови вести