Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Хамилтон победи во Бразил, хаос на патеката, одлука за шампионот во Абу Даби

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, победи на вчерашната трка за Големата награда на Бразил во шампионатот на Формула 1.

Британецот на патеката „Интерлагос “ го забележа 52-от триумф во кариерата, пред тимскиот колега и лидер Нико Розберг.
Германецот сега има 12 бодови повеќе од Хамилтон, пред последната трка на 27-ми ноември во Абу Даби, и практично е пред титулата.
Трката во Сао Пауло, два пати беше прекинувана поради лошите временски услови, пред сè поради силниот дожд, а многу од круговите беа возени со сигурносно возило на патеката.
Трката ќе биде запаметена и по инцидентот кога Кими Раиконен со своето „ферари“ удри во заштитната ограда.
Трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул, четврти Серхио Перез, а зад нив беа Себастијан Фетел, возачот на Ферари, и Карлос Саинс од Торо Росо.

 

Најнови вести