Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2016

Мората и Белерин ќе паузираат по еден месец

Шпанските фудбалери Алваро Мората и Ектор Белерин ќе паузираат по еден месец поради повреда во изминатите десетина дена.

Мората, напаѓачот на Реал Мадрид, го повреди задниот дел на бутниот мускул во ремито со Англија на „Вембли“ во вторникот (2-2), па ќе го пропушти градското дерби со Атлетико во сабота, а потоа и Ел Класико со Барселона на трети декември.
Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, на располагање би требало да ги има Герет Бејл, Карим Бензема, Каземиро и Матео Ковачиќ за дербито на „Висенте Калдерон“, а веројатно и Серхио Рамос и Лука Модриќ.
Белерин, дефанзивниот играч на Арсенал, го повреди глуждот на натпреварот со Тотенхем пред десетина дена, па и тој ќе го пропушти големото дерби со Манчестер јунајтед претстојниот викенд.
Друг голем проблем за менаџерот Арсен Венгер е подготвеноста на Алексис Санчес, кој играше за Чиле во квалификациите за Светското првенство 2018 година минатиот викенд, иако само што закрепна од повредата на задниот дел на бутниот мускул.
„Разбирам дека сака да игра за својата земја... Не знам колку е лоша неговата повреда, мораме да им веруваме на лекарите од репрезентацијата на Чиле. Мораме да почекаме и да видиме дали ќе може да игра“, изјави Венгер.
Натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед се игра во сабота, од 13.30 часот.

Најнови вести