Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2016

Пиоли: Престанавме да играме како тим

Стефано Пиоли, тренерот на Интер, изјави дека неговите фудбалери не играле како тим во натпреварот против Хапоел Бер Шева во петтото коло на Лигата на Европа.

„Нераѕурите“ го завршија натпреварувањето уште во групната фаза, откако ја испуштија предноста од два гола од првото полувреме.
Головите за Интер во Израел ги постигнаа Икарди и Брозовиќ, а Самир Хандановиќ доби црвен картон.
„Престанавме да играме како тим, бевме дрски. Тоа не смееше да се случи, не можеме да дозволиме такво однесување ако сакаме да победуваме. Имавме можност да одиме на 3-0 и не ја искористивме. Во првото полувреме игравме добро, а лошо во второто, не смееме да покажуваме две различни лица. Сè што требаше да направиме е да го држиме ставот од првиот дел“, изјави Пиоли.
Тренерот на Интер додаде дека неговите играчи мора да научат да се изборат со притисокот.
„Физички сме подготвени, но мораме да се поправиме на психолошки план. Интер има добри играчи, но мораме да научиме како да го издржиме притисокот. Ова што го прикажавме не е вредно за Интер“, изјави Пиоли.

Најнови вести